Вести Македонија

Две македонски делегации со различни агенди во Њујорк – Пендаровски и Ковачевски секој со својот кабинет од вработени

Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на 78-та сесија на ГС во ОН. Во неговата делегација се неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.  Дополнително, со претседателот на државата и неговата сопруга патуваат уште 10 луѓе – генерален секретар, советници, шеф на протокол, обезбедување…

Во истовреме, во Њујорк е и делегацијата која ја предводи премиерот, кој посетата ја користи за средба со економски лидери, и претставници на САД и ЕУ. Во неговата делегација е и вицепремиерот Бојан Маричиќ уште четворица луѓе од нивните кабинети.

При одењето на седниците на Генералното собрание на ОН се практикува системот на ротација – една година оди претседателот на државата, а една премиерот и имаат свое обраќање. Прв пат и двајцата највисоки функционери се во исто време и на исто место – во Њујорк.

Од тројцата претставници на државниот врв на Северна Македонија, во државата остана само претседателот на Собранието, Талат Џафери.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе