Студентите соочени со високи кирии во домовите и незадоволни од бесплатниот оброк најавуваат можни протести. Од „Студентски отпор“ велат дека месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3.945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари, за испринтани четири листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.
„Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти“, се наведува во соопштението.
Во однос на субвенционираниот студентски оброк на само две недели пред почетокот на новата академска година, сè уште немаат информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користи.