Вести Македонија

Кожув да стане Национален парк – барање на гевгеличани, откако дознале за намерата за изградба на две мали хидроцентрали

Гевгеличани бараат Кожув да стане Национален парк и да се забранат секакви активности што може да го нарушуват биодиверзитетот. Со транспаренти, пораки и говори, активистите денеска одржаа мирен протест во знак на револт од намерата на планината да никнат две нови мали хидроцентрали.

Намерата на реката Дошница да се градат хидроцентрали, гевгеличани ја дознале неодамна кога механизација се качила на планината со намера да го расчистува теренот.

Пред шест години, Гевгелија повторно протестираше, а организираа и референдум да се забранат геолошки истражувања на минерални суровини.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе