Вести Македонија

IN MEMORIAM: Почина доктор Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија

По кратко боледување почина д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија.

Мицев е роден 1940 година во Белград. По завршување на  Медицински факултет и престојот во Лондон, тој во 1974 година се вработува во Клиниката за невропсихијатрија во Скопје, како единствен лекар во тоа време кој специјализирал во странство.

На универзитетот Сент Луис во САД во неколку наврати е визитинг професор, а во 1999 станува визитинг-професор на Њујоршкиот универзитет.

Библиографијата на проф. д-р Мицев регистрира 110 стручни трудови, објавени во домашни и светски списанија.

Погребот ќе се одржи во недела, 17 септември, во 12:30 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе