Вести Економија Најважни

Цените најмногу пораснале по Илинден – за Ковачевски 1 август е репер за најавеното поевтинување

За премиерот Ковачевски, најголемото поскапување се случило по празникот Илинден. Затоа цените од 1 август ќе бидат репер за најавеното поевтинување. Од следната недела околу 50 прехранбени прозводи, најголем дел со ДДВ од 5 отсто, ќе добијат за околу 10 проценти пониски цени. По летниот ценовен шок, властите одлучија да носат мерки против поскапувањето, кое според нивните анализи, било најголемо минатиот месец.

„Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави. Сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати секакви можности за манипулација со промоции на цените и тоа што се одржа состанок на кој трговските ланци изразија волја за намалување на цената за најмалку 10 отсто, како и дека нема да биде земена како референтна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Од викендов повеќе нема да има акциски промоции. На ваков начин ќе може да се продаваат само безалкохолните, алкохолните пијалоци и хигиенските производи. Оваа мерка ќе важи до крајот на ноември.

Од ССМ, пак, со став – со мерките се доцни. Требало да се донесат веднаш кога престанале да важат претходните, за да не им се остава толкав простор на трговците да ги договараат цените и да се доведеме во ваква ситуација. Според нивните анализи над 120.000 работници во земјава заработуваат само за скромна трпеза. Овие лица работат за минималец, кој изнесува нешто над 20.000 денари, пари кои се потребни само да се покријат трошоците за храна и пијалоци во месецот.

Надлежните, пак, најавија, маркететите кои нема да ги почитуваат владините одлуки ќе бидат затворени.

Министерот Бектеши со документ ќе бара од неговиот колега, директор на ДПИ Трајковски да издава решенија, пломбира и затвораат објекти. Ова барање се темели на ригорозни членови од неколку закони, меѓу кои е и оној за заштита на потрошувачи.

Во текот на летото цените значително се зголемија. Особено кај овошјето и зеленчукот. Според анализите во изминатиот период продуктите кај нас поскапеле за 46 отсто, а во Европа само 11 проценти.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе