Државниот Инспекторат за животна средина поднесе барање до Основен Суд Штип за поведување прекршочна постапка за компанијата САНС АГ, Штип бидејќи не постапиле по решение на инспекторатот. Инспекторите констатирале прекршување по законот за животна средина. За прекршокот предивидена е парична казна од 25.000 до 28.000 евра за компанијата, а за одговорно лице во компанијата, 1500-тини евра.
Телма веќе подолго време го следи случајот, и објави дека со фиктивни фактури, опасно тешко масло за ложење, произведено во штипската САНС АГ, било продавано како мазут од страна на компанијата РКМ. Финансиската полиција отвори истрага за зделките со мазут меѓу САНС АГ и РКМ затоа што откриле фиктивни фактури со лажни податоци.
Во излезните фактури од САНС АГ стоело дека се продава тешко масло за ложење, но во други фактури тој опис на стоката бил дополнет со Мазут М1 иако такво гориво не постои во законските документи во Македонија.
Дополнително САНС АГ немал лиценца за производство на мазут, а купувач била компанијата РКМ која со фактури кои се испитуваат во финансиската полиција, го носела маслото во Фени и на други локации низ државата.
Регулаторна тврди дека сите што не го почитувале законот ќе останат без лиценци и ќе добијат соодветни пријави.
Лани напролет војници на АРМ од полигонот на Криволак се поќалиле на здравствени проблеми, по што државниот инспекторат за животна средина откри неправилности и сомнежи дека маслото е ризично со сомнежи дека е канцерогено.
Фирмата РКМ која сега е под истрага беше избрана на сите јавни огласи на ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.