Вести Македонија Топ вести

ЕУ е загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

На два дена пред да стапат на сила измените во Кривичниот законик, се огласи и ЕУ. На денешната прес конференција портпаролаката на ЕК, Ана Писонеро, прашана за коментар за измените во КЗ, рече дека  Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, соодветни и разубедувачки.

– ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието на Северна Македонија со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо ниво, наведе Писонеро.

Таа додаде дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации со домашните фактори и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата со ЕУ знаменце, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со законодавтвото на Унијата.

– Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, нагласи Писонеро.

Портпаролката посочи и дека Европската комисија ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото во земјава многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера изјави дека промените на Кривичниот законик во моментот се разгледуваат во Брисел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе