Вести Економија Македонија

Текстилниот сектор кубури со работници, работодавачите бараат зголемување на квотата за странска работна сила

Текстилниот сектор се соочува со намалени нарачки од странските партнери. Крајот на месецов ќе биде одлучувачки за овој сектор, за тоа каква сезона ќе имаат голем дел од конфекциите. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека партнерите за разлика од лани нарачките не ги нудат на нашите компании, туку производството го селат на далечниот Исток. Смета дека проблемот се должи на недостиг на работници во текстилниот сектор.

Лани имав можеби 20 понуди за нови капацитети кои сум ги одбил бидејќи немам доволно работници за да ги исполнам тие барања. И Бугарија, и Србија и Македонија се судрија со проблем на недостиг на работници бидејќи младите луѓе не сакаат даработат во овој сектор. Затоа големите европски брендови отидоа на Далечниот Исток, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи. 

Недостатокот на работници во земјава веќе создава сериозни проблеми на стопанството, аларматно е во градежништвото, металопреработувачката индустрија, земјоделството и текстилство. Подолг период бизнис секторот бара зголемување на квотата за увоз на странски работници. Вицепремиерот Битиќи најави законски измени.

Неминовно е да се зголеми квотата, и Битиќи тоа го видел. Нашата квота е до средината на јуни исполнета. Ќе видите дека кога ќе почнат Бехтел и Енка, дека во Македонија нема градежни работници. Џабе бараме да се вклучат наши компании, кога тие компании немаат работници, вели Димитров.

Квотата за работни дозволи за странските работници се очекува од 5.000 да се зголеми на 10.000. Во земјоделството и на  објекти и на патиштата веќе работат странски работници.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе