Вести Македонија

Македонските малцинства во соседството бараат поголемо внимание од својата родна држава

Македонските здруженија и Македонците кои живеат во соседните држави на Денот на независноста побараа поголемо внимание од својата родна држава.

Денеска се сообраа во Штип по повод 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција.

Сите здруженија самостојно ја бијат битката за нивните права во земјите, каде што живеат. Македонците во Бугарија повторно поднеле тужби до судот во Стразбур за регистрација на македонско здружение, но како што велат со децении се вртат во круг, а  одлуките се во нивна полза, но на Бугарија никој не може да и наложи да ги спроведе одлуките.

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград кој беше отворен пред една година веќе не е на старата адреса, ја има променото локацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе