Што превземеаат Обвинителството и МВР во рамки на истрагата за скандалот на Клиниката за Онкологија будно се следи од Владата, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека на секоја седница ќе бара да биде информиран за текот на постапката.
Тој е дециден дека одговоност ќе има и дека виновниците ќе бидат идентификувани.
„Очекувам да се иднетификуваат лица и постапки кои биле прекршени и злопутреби кои биле направени и да бидат казнети согласно закон. Доста беше 30 години само изговори и начини како шнешто дамине неказнето а граѓаните да очекуваат казна и подобри услови. На секоја седница на Влада ќе биде прашање до каде е постапката“, вели претседателот на Влада на РС Македонија, Димират Ковачевски.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити е дециден дека казни ќе има. Тој апелираше до граѓаните да пријават во мнистерството или Обвинителството доколку имаат сознанија или докази за криминал и корупција на Клиниката за Онкологија.
„Не знам како било досега. Досега кај нас во министесртвото нема поплаки. Во неколку наврати повторив и апелирав до граѓаните да пријават да не биде само на збор дека некој нешто чул или кажал. Со мене како мнистер веќе шест месеци кажувам дека ќе се постапува најригорозно каде што има злопотреби и нерегуларности. Јас сум гаранција за тоа“, вели министерот за здравство Фатмир Меџити.
Меџити додаде дека е во постојана комуникација со првиот човек на полицијата е дека целото министерство за здравство стои на располага на истрагата
„Ние сега не може да се мешаме. Обвинителството истражните органи работат интензивно, ниесме во постојана комуникација и со министерот за внатрешни работи и со Обвинителството и се што треба од наша страна, документи и советувањакако и документација што не е сеуште побарана ние сме отвортени и тука сме да допринесеме случајот што побрзо да се реши“, вели Меџити.
Од Обвинитеството нема детали за текот на предистражната постапка.Оттаму само соопштија дека се вршат распити и веќе е почнато вештачење на запленетите копмјутери и документација а за тоа ќе се бара и помош од стручни лица. Предистрагата ја водат двајца обвинители кои вчера имаа средба со неколку пациенти од Клиниката за Онкологија кои пак протестираат барајќи одговри и одговорност.
Предистрагата беше отвроена откако во медиумите излегоа наводи за криминална мрежа од вработени во Клиниката за Онкологија кои манипулираат со терапијата на пациентите и не им ги даваат целосно пропишаните дози за потоа спката цитостатска терпија да ја продаваат на црниот пазар.
Огнен Чанчаревиќ