Вести Македонија Топ вести

Четиринаесет предмети со 80 обвинети застаруваат со измените на КЗ

Во судница во која беа присутни само новинарите судијата Осман Шабани ја објави пресудата за Дизајн, предмет на СЈО за злоупотреба при набавката на двокатните автобуси во 2010. Ниту пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев ниту неговите адвокати ниту обвинителката  Лиле Стефанова не ја слушнаа условнат пресуда

Јанушев кому му се судеше за времето кога беше на чело на ЈСП е единствен обвинет кој остана во судењето до крај. На почетокот признаа вина и добија исто така условни и екс министерот Јанакиевски и уште две вработени во претпријатието.

Овој предмет од 2010 е веќе застарен затоа што и по вчерашните измени на КЗ делата за злоупотреба на службената положба застаруваат за 10 години наместо за 40 како до сега.  Овие измени стапуваат на сила 9 дена откако ќе излезат во службен весник  па застарувањето ќе го констатира Апелација. Судбината на Дизајн да застарат ја имаат и редица други предмети на поранешното СЈО. Од судење се спасуваат од судење  освен екс премиерот Груевски и поранешните функционери Мијалков, Јанакиевски , Пешевски и други

Коалицијата сите за правично судење која ги мониторира судењата од интерес на јавноста пресмета -Застарување ќе има во 14 предмети со 80 обвинети.

Предмети што застаруваат

ТНТ за уривањето на Космос, 

ТАЛИР за фунансирањето на ВМРО ДПМНЕ

 ТАЛИР 2 за белиот дворец на  ВМРО ДПМНЕ

 ТРЕЗОР за набавката на софтвет за опремата за преслушување во УБК,

ТАРИФА за набавка на софтверски систем за ЕЛЕМ

ДИЗАЈН за кинеските автобуси,

ТОПЛИК за Сончев град

ТИТАНИК за изборните измами

ТЕНДЕРИ за изградбата на Музејот на ВМРО

ТИТАНИК 2 за изброни нерегуларности

ТРАЕКТОРИЈА за кинеските автопати

ШПАНСКИ СКАЛИ

ТАРГЕТ/ТВРДИНА за масовното прислушување

ПРЕДМЕТ ЗА  СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

Од коалицијата не ги споменува и дестиците истраги на СЈО кои се активни во обвинителството.  Меѓу нив и  Феникс за Скопје 2014 во која имаше раздвижување летово за. За злоупотреба на службенат положба се осомничени Груевски, Тодоровиќ, Аларова, Канчевска Милевска, Ставревски. Останатите се за перење пари дело кое застарува подоцна

Овие измени се поволни и за политичрите од актуелната власт кои допрва ќе бидат гонети но и оние кои се уште немаат правосилни пресуди . За злоупотреби со кои предизвикале значителна штета ќе добиваат од условна казна до максимум  5 години затвор а сега горната граница е 20 години . Моментално на пат кон Апелација е предметот за екс генералниот секретар на владата Рашковски а во Кривичен му се суди на неговиот наследник Мухамед Зекири.

Злоупотреба на сужбената положба е едно од почесто застапените дела за кои гони обивнителството за организиран криминал а низ судовите се уште се влечат и предмети стари повеќе од една деценија мегу кои и Змиско око, Армиско Оружје и Изгрев  кои се во судница од 2007 година.  Колку предмети ќе застрат и колкави суми за адвокатски трошоци ќе плаќа државата допрва ќе се пресметува.

Додека со измените на  КЗ се воведуваат многу нови дела со строги казни функционерите си предложија и изглса драстично пониски казни за делата за кои се однесуваат на нивната работа.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе