Едно прваче во скопското училиште Ѓорѓија Пулевски тргна со песна на првиот ден од учебната година.
Среќни се и неговите другарчиња.
Но учебната година не почна со песна за сите.
Денеска стартува новата учебна година со старите проблеми. Неизвесно е кога учениците од трето и шесто одделение ќе ги добијат своите учебници.
Директорите на основните училишта се надеваат дека оваа учебна година ќе помине мирно, без дојави за бомби и дека учениците побрзо ќе ги добијат неопходните учебници.
Откако учебниците станаа бесплатни, не се обновуваат. Тоа е сепак хартија и оди од генерација на генерација. Учениците кои завршуваат осмо одделение им ги предаваат на тие што доаѓаат. Едноставно од листање и користење се оштетуваат, вели Марјан Јовановски, директор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ .
Министерот за образование Шаќири денеска поворно со ново ветување-учебниците ќе стигнат до крајот на месецот.
Наредниот состанок на Националниот совет за учебници е на 7ми септември каде ќе се одобрат и учебниците за шесто одделение, а потоа веднашѓ ќе започне постапката за тие учебници да се испечатат, вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука.
Освен тоа што нема учебници за сите одделенија, проблем е и училишниот материјал кој удира многу по џебот на родителите.
Не би зборувал многу на таа тема, но се е поскапено, вели родител на прваче.
Учебната година денеска започна за 200.000 ученици од основните и средните училишта. Оваа година таа ќе трае до 17 јуни бидејќи ќе има пролетен распуст од 29 април до 5 мај.
Тамара Марковска