Повеќе македонски медиуми пред се на интернет од утрово го објавуваат како нова вест извештајот на донаторите на ДУИ на која ја има фирмата-донатор на ДУИ, Еуровиа, истата која го доби тендерот за преуредување на салата Борис Трајковски за министерскиот состанот на ОБСЕ (договор потпишан од страна на министерот Бујар Османи, кој исто така е од ДУИ).
Сепак ревизорскиот завод овие извештаи ги објави уште пролетта откако партиите во законскиот рок ги поднеле своите финансиски извештаи. Истото на веб страната го стори и УЈП. Повеќе медиуми како Фокус или призма уште пролетва пишуваа и го објавуваа истиот извештај, а Фокус ја објави содржината на фотографијата како објаснување дека внук на починатиот поранешен партиски потпретседател и министер Абдулаким Адеми е донатор во партијата.
Информацијата и документот беа објавувани и кога Еуровиа го доби тендерот за изградба на полициската станица во Аеродром (тендер во МВР).
Истата фотографија беше објавувана и во текот на викендот кога медиумите известуваа за донаторско-дипломатската зделка на Еуровиа и МНР. Телма објави два прилози со снимка од извештајот на кој се гледа името на Еуровиа (иако сопственикот на Еуровиа тврди дека не е истата Еуровиа со која го добил тендерот за салата Борис Трајковски).
Донацијата на Еуровиа за ДУИ по терк на предметот „Талир“ за белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, давале донации додека вршеле јавни работи платени со буџетски пари
По негирањето на Еуровиа и Елмедин Адеми, повеќе медиуми претпладнево, го „открија“ веќе објавеното и со сензационалистички кликбејт наслови најавуваат дека е откриен извештајот за донациите на ДУИ, кој е објавен пред 5 месеци од надлежните институции, а повеќе медиуми во своите истражувања (меѓу нив и Телма) веќе го објавија.
Миомир Серафиновиќ