Околу 1.000 хектари под ориз се пеплосани од болеста „бел клас“, тврдат кочанските оризопроизводители. Класот е празен, во него нема род. Сметаат дека жетватата годинава ќе им даде мали приноси и лош квалитет. Тие побараа надлежните институции и земјоделските експерти да излезат на терен и да им дадат препораки на оризопроизводители, како да ги заштитат своите ниви под ориз.
Ташовски вели дека поради болеста „бел клас“ во одредени делови на кочанскиот регион ќе имаат штетат од 30 до 40 % на приносите, или годинава наместо 20.000 тони во земјава се очекува да се произведат околу 16.000 тони оризова арпа.
Климатските промени, односно прекумерна влага и драстичните промени на температурата ова лето се причина за појавата на болести, не само кај оризот, туку и кај останатите земјоделски култури, посочуваат од Националната мрежа на земјоделци. Тие до Владата доставија осум барања, меѓу кое и да прогласи елементарна непогода на територија на цела држава. Одговорот го добиле денеска, во кој се вели осумте барања да ги достават до ресорното министерство. Побараа производна цена на сите култури, ослободавање од плаќање на воден надоместок, оризот да стане стратешка култура.
Викторија Димитрова Јованова