Вести Економија Топ вести

Цените рушат рекорди, а институциите се натегаат кој што треба да сработи

Бектеши чека анализи, бизнисот е против повторно ограничување на маржи и замрзнaти цени. Од организацијата на потрошувачи пак бараат итно да се делува на поскапувањето. Сметаат  и дека Комисијата за заштита на конкуренцијата, треба да излезе на терен и да види дали трговците ги договараат цените и дали кај нив е вината за ваквите ценовни шокови.

За маржи никогаш не бевме согласни да се ограничат за замрзнување сме повеќе, иако сметаме дека се популистички мерки. Не треба да чекаме треба да се излезе со проценка дали треба или овие шпекулациите од одредени трговци со покачувањето на цените веќе беа споменати и комисијата за заштита треба да реагира, да види дали има здружување на толкаво плафонирање од нивна страна и да се реагира затоа што е на штета на потрошувачот и за основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува, вели Маријана Лончар, претседател на ОПМ.

Токму кон Комисијата за заштита на конкуренцијата, вчера министерот Бектеши упати критики.

Јас не сум слушнал да има преставка од комисијата за заштита на конкурецијата или да преземат конкретна мерка било за неетичко однесување, за здружување, ако вие имате таков пример може да ми кажете и да го пренесеме на граѓаните, јас таква информација немам, вели Бектеши.

Ги прашавме од комисијата како ја коментираат ваквата изјава на Бектеши. Дали биле на терен, какви се состојбите, има ли договарање меѓу трговците, но одговори најавија за утре.

Од пазарен за Телма соопштија дека тие се уште анализираат  кој е виновен за високите цени. Дали производителите или трговците. Кога ќе ги сублимираат податоците ќе ги соопштат во јавноста. И додека се чекаат анализи и се утврдува кој е виновен за поскапувањето и дали и со какви мерки треба да се делува, цените рушат рекорди. Скок особено е забележан кај овошјето и зеленчукот. Од министертвото за земјоделство признаваат дека се високи. Проблемот го гледаат и во тоа што е нарушен ланецот на снабдување. Парите не одат кај земјоделците, туку на друго место.

Тука е проблемот ако овие пари одат кај земјоделците ќе има повеќе инвестиции, но за жал не е така. Набавните цени видете ги кај земјоделците ние како граѓани ги заборавиме пазарите многу повеќе одат во големите ланци маркети да пазарат каде има и свеж зеленчук и овошје, вели Трајан Димковски, заменик министер за земјоделство.

Од следниот месец  уште многу производи ќе  добијат и повисоко ДДВ. Ќе се зголеми  од 5 на 10 отсто. Експертите пак предупредуваат, состојбата да се следи и при носење на било какви одлуки за ублажување на последиците од поскапувањето, многу да се внимава.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 27 палестинци – цивили убиени од Израелските сили во близина на пункт за хуманитарна помош во Газа

Дејан Дејан

Велика Британија размислува за правни мерки против Абрамович поради замрзнатите средства од продажбата на „Челси“

Дејан Дејан

Собранието станува безбедносна зона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе