Вести Македонија Најважни

Без одговор за незаконската донација од Еуровиа и Адеми на ДУИ, и партискиот потпретседател Бујар Османи „Верувајте не знаев дека биле донатори на ДУИ“

Новинарските истражувања и партиските обвинувања за зделката која партискиот донатор на ДУИ, Еуровиа, ја доби за преуредување на салата Борис Трајковски за  министерскиот состанок на ОБСЕ, за министерот за надворешни работи и партиски потпретседател Бујар Османи спаѓаат во лов на вештерки.

Тој уверува дека тендерот поради ниската цена морал да заврши со победа на Еуровиа, партискиот донатор. Но ни два дена по информацијата на ТЕЛМА за два крупни законски прекршоци на тие донации од Еуровиа и Елмедин Адеми за ДУИ, Бујар Османи како дел од партијата не открива во Мала Речица ги прифатиле законски недозволените донации од фирма која во моментот имала тендери со државата и од лице кое дало 6 пати повеќе законскиот максимум за донација. Потпретседателот тврди дека не знаел за донацијата, ама иако не знаел поради нешто се исплашил од јавни реакции кога ја видел тендерската победа на Еуровиа.

Предлогот сега му е целосна забрана на партиски донатори да учествуваат на тендери.

Но тоа не е алиби за веќе претходно сторените прекршоци. За сличен прекршок, донации од фирма која има државни тендери, ВМРО-ДПМНЕ во предметот Талир беше првостепено осудена со одземање на нивното партиско седиште. Сега од белата палата обвинуваат за прекршување на истиот законски член и повикуваат на одговорност затоа што според нив „фирмите блиски до ДУИ секогаш обезбедуваат преференцијален третман на пазарот.“

Во законот за финансирање на политички партии, предвидени се прекршочни казни доколку не се пријават вакви дела, за донаторот се парични казни, додека за партијата која не ги вратила парите, казната е да нема прилив од буџетот една година. ДУИ во мај доби околу 680 илјади евра од буџетот кој го полнат граѓаните. Но, во законот не е јасно наведено кој треба да ги казни партиите за овие прекршоци.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе