На последниот ден од Светското првенство во атлетика доделени се седум комплети на медали.
Индиецот, Нераж Чопра триумфираше во фрлање копје и на својата земја и го донесе првиот златен трофеј во историјата на шампионатите. Олимпискиот победник ги обедини титулите и славеше пред Пакистанецот, Аршад Надим и Јакуб Валдлејх од Чешка.
Јакон Ингебритсен го освои златото на 5000 метри и во неверојатен финиш успеа да го освои првото место пред Мохамед Катир од Шпанија и Кениецот, Јакоб Кроп.
На 800 метри најдобра беше Мари Мора од Кенија, а зад неа низ целта минаа Кели Хоџкинсон од Велика Британија и Американката, Етинг Му.
Винфред Мутиле Јави од Бахреин го освои златниот медал на 3000 метри со пречки. Среброто и припадна на светската рекордерка Беатрис Чепкоеч од Кенија, а со бронзата се закити нејзината сонародничка Фејт Черотич.
Во скок во височина најдобра беше Украинката, Јарослава Махучик која беше поуспешна од Австралијанките, Еленор Патерсон и Никла Олислагерс.
Во машката штафера 4 пати по 400 метри триумф на Американците пред Франција и Велика Британија.
А кај дамите злато за Холандија која благодарение на Фемке Бол успеа да стигне до шампионската титула додека второто и третото место им припадна на Јамајка и Велика Британија.
ФОТО: Игор Паневски