Останато Спорт

ФОТО галерија: Прво мундијалско злато за Бол, реге вечер во Будимпешта

На шестиот ден од Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта во вечерната програма доделени се пет комплети на медали.

Вечерта ја одбележаа триумфот на Фемке Бол во трката на 400 метри со пречки и петте медали од кои две злата за атлетичарите од Јамајка.

Холанѓанката го оправда фаворитскиот статус и супериорно триумфираше со секунда и 10 стотинки подобро постигнување од Шамиер Литл од САД и Рашел Клејтон од Јамајка.

Неизвесно беше во битката за трофеи во скок во далечина. Гркот, Милитијадис Тентоглу во претпоследната серија забележа скок од 5,82 метри и за само два сантиметри беше подобар од Вејн Пинок од Јамајка додека трет е неговиот сонародник Таџај Гејл.

Во фрлање кладиво триумф на Канаѓанката, Марин Роџерс пред американките Џани Касанавоид и ДеАна Прајс.

И на 100 метри со пречки славеше Даниел Вилијамс од Јамајка која по осум години повторно се искачи на тронот, втора Јасмин Камачо Квин од Порторико додека третото место и припадна на Кендра Харисон од САД.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе