Исклучително жешкото време во Будимпешта, но и големиот процент на влажност на воздухот им создаваат големи проблеми на натпреварувачите во првите денови од Светскиот шампионат во атлетика што се одржува во Будимпешта.
За прв пат на првенството организаторите решија да поместат термин на одржување на една трка, а како главна причина се наведуваат тешките временски услови.
Претпладнево околу пладне требаше да се одржат квалификациите на 5000 метри во женска конкуренција, но поради најавата дека во тој момент температурата на воздухот ќе биде околу 34 степени целзиусови, а се очекува и висок процент на влажноста на воздухот, трката е поместена за попладневната сесија и ќе се одржи во 19 часот.
Токму поради високите температури термините за одржување на трките во одење кај мажите и жените почнуваат во 7 часот наутро, а во исто време во сабота и недела почнуваат двата маратони.
ФОТО: Игор Паневски