По дводневна пауза на атлетскиот Мундијал повторно двојна програма. Во претпладневната сесија ќе се одржат квалификации во шест дисциплини по три во машка и женска конкуренција.
Во 10 часот и пет минути закажан е стартот на првиот круг од натпреварувањата на 800 метри кај дамите каде ќе настапи и главната фаворитка за златото Мери Мора од Кенија која во досегашниот тек од сезоната нема пораз во досегашниот тек од сезоната, а најсериозна противничка ќе и биде Британката, Кели Хоџкинсон.
Во 10:15 почнуваат квалификациите во скок со стап во машка конкуренција. Тука апсолутен фаворит е човекот кој е супериорен во оваа дисциплина Арман Дуплантис, а меѓу оние кои може да направат изненадување се Норвежанецот, Сондре Гутормсен и Ернест Џон Обиена од Филипините кои се единствените покрај Швеѓанецот кои имаат скок преку 6 метри.
Денеска за место во финалето ќе се борат и фрлачките во копје, а од техничките дисциплини во претпладневната сесија ќе настапат и скокачите во далечина.
За 11 часот и 20 минути закажан е почетокот на квалификациите на 200 метри во женска конкуренција, а еден час подоцна стартуваат и најдобрите атлетичари во оваа дисциплина.
ФОТО: Игор Паневски