Британецот Метју Хадсон Смит полуфиналето на 400 метри на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта успеа да постигне второ најдобро време, но за него уште поважно е што од вечерва тој е најбрзиот во Европа во оваа дисциплина.
Хадсон Смит беше дел од втората полуфинална трка во која успеа да го совлада Кирани Џејмс, а на целта пристигна со време од 42 секунди и 26 стотинки што е за седум стоти дела подобро постигнување од досегашниот европски рекорд што беше сопственост на Германецот, Томас Шенлебе и беше поставен на Светското првенство во Рим во 1987 година.
ФОТО: Игор Паневски