Вести Македонија

Сто илјади битолчани во неизвесност дали ќе останат без вода за пиење – ЗИК „Пелагонија“ и „Стрежево“ во отворена војна

Судските лавиринти оставија во неизвесност над 100.000 битолчани дали ќе имаат вода за пиење, хигиена и вода за наводнување на посевите и дали 250 вработени во „Стрежево“ ќе останат без плата. Ова следува откако Земјоделскиот Комбинат „Пелагонија“ реши да ги тужи ЈП „Хидросистем Стрежево“ за претрпена штета, односно за неисплатен дел од каматата. Директорот на Стрежево бара долгот да се исплаќа на рати, од ЗК „Пелагонија“ вината ја гледаат во раководството на ЈП.

„Најголемиот производител на храна во нашата држава, ЗК „Пелагонија“ АД Битола над седум години трпи сериозни штети од недомаќинското работење на ЈП „Стрежево“. Над седум години раководството на ЈП „Стрежево“ не ги почитува ниту една од постигнатите спогодби за взаемна соработка на рамнопправни односи. Дотолку повеќе што во 2019 година при постигната спогодба токму ЈП „Стрежево“ ја блокира безпредметно сметката на ЗК „Пелагонија“ и тоа во период на есенска сеидба која е од клучен интерес за финансиската состојба на комбинатот“, соопштија од ЗК Пелагонија. 

Конфликотот на ЗК „Пелагонија“ и ЈП „Стрежево“ е уште од 2015 година кога се појави свлечиштето кај село Драгарино и го оштети главниот доводен канал за вода и цевководот на „Стрежево“ од кој со вода се снабдуваат РЕК „Битола“, индустриската зона и земјоделските површини. Неколку месеци подоцна свлечиштето направи голем проблем на водоснабдувањето, а Битола се соочи со рестрикции за вода. Три години подоцна свлечиштето беше санирано.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На матична комисија и на пленарна седница – договорот со Велика Британија пристигна во Собрание

Дејан Дејан

Гаши ќе презентира Извештај за сработеното во првата година од мандатот

Дејан Дејан

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе