Вести Македонија Најважни

Бидете внимателни во изјавите кон Македонија – Вучиќ со порака до српските функционери

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Македонија, за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други.

„Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти“, рече Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Северна Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Писмени гаранции дека НАТО нема да се шири кон Исток – „Ројтерс“ објави дел од условите на Путин за мир

Дејан Дејан

Данела Арсовска врши опсада на Чаир, се сеќаваме на 80-тите кога се рушеа куќи на Албанци на „Дижонска“ – Општината на Висар Ганиу се огласи по обвинувањата на скопската градоначалничка за дивоградби, фалсификат и закани

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на објектот – се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе