На третиот ден од атлетскиот Мундијал натпреварувањата ќе се одржат само во попладневната сесија.
Вечерва ќе бидат познати освојувачите на медали во четири дисциплини три во машка и една во женска конкуренција.
Трофеи ќе се поделат во трискок, фрлање диск и 110 метри со пречки додека кај дамите ќе биде позната новата кралица на спринтот.
Почетокот на машкиот трискок е закажан за 19 часот и 40 минути, борбата за медали во фрлање диск стартува во 20 и 30 додека завршните две финални трки почнуваат во 21 и 40 и 21:50 часот.
Денешната програма се отвора со квалификациите во скок со стап кај мажите и почетокот на натпреварувањето е закажано за 18 и 40 часот, потоа следува првиот круг на 400 метри со пречки кај дамите, а половина час подоцна е закажан стартот на полуфиналето на 400 метри со пречки во машка конкуренција.
Во 20:35 почнува полуфиналето на 100 метри, а за 21:12 е закажан почетокот на полуфиналето на 400 метри во женска конкуренција.
ФОТО: Игор Паневски