Останато Спорт

ФОТО галерија: Шпанецот Мартин прв освојувач на златен медал во Будимпешта

Шпанецот, Алваро Мартин е првиот освојувач на медал на Светското првенство во атлетика. Тој триумфираше во дисциплината одење на 20 километри и до првото мундијалско злато стигна со најдобро време во досегашниот тек од сезоната. Сосема неочекувано среброто му припадна на Персеус Карлстром од Шведска, а трет Бразилецот, Кало Бонфим. Јапонецот, Тошиказу Јаманиши не успеа во обидот по трет пат во низа да се искачи на највисокото место на подиумот и денешната трка која поради лошите временски услови беше одложена за два часа ја заврши дури на 24-тата позиција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе