Вести Македонија

Син го палел со бензин сопствениот татко

20-годишен жител на прилепско село со бензин го полеал и запалил сопствениот татко.

Инцидентот се случил минатиот петок кога момчето го нападнало својот 51-годишен татко. Веднаш потоа, тојбсо ќебе успеал да го угаси огнот со кебе, но, таткото  имал изгореници и бил згрижен во болницата во Прилеп. Полицијата од станицата Ропотово го уапсила момчето вчера по што МВР ја извести јавноста преку дневниот билтен.

На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко. Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот. 51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп. Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ниту една урбана општина не го исполнува стандардот од 25 метри квадратни зеленило по жител

Дејан Дејан

Злосторства на „Беланоца/Барон“: Пред 5 години, убиле скопјанец за 10 000 евра бидејќи сметале дека убиениот соработувал во истрагата за петкратното убиство кај Смилковци

Дејан Дејан

Скопската полиција и обвинителството почнале постапка за дивоградби во Чаир по видеата на Данела Арсовска која била во Катастар за да потврдува дали се точни нејзините обвинувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе