Додека косовскиот министер за транспорт Либурн Алиу беше гостин на лидер на ДУИ Али Ахмети, неговиот македонски колега по функција кој би требало да го пречека и заеднички да ја дискутираат темата за патот Тетово – Призрен, Благој Бочварски беше во Пробиштип каде што со тамошниот градоначалник вршеше увид на реконструкција на локалната улица и потпиша Меморандум за изградба на нови.
Зошто за патот Тетово – Призрен, Алиу дискутирал во партиското седиште на ДУИ, а не со ресорниот министер, Бочварски за Телма вели дека вчерашната посета на Алиу била приватна.
„Со министерот Алиу имаме постојана комуникација и имаме остварено повеќе средби во изминатиот период на кои сме ги отвориле сите прашања што се од заеднички интерес за двете земји“, одговори Бочаварски за посетата на Алиу.
„Во неформална комуникација, денеска согласно агендата и закажаните состаноци му посочив на министерот Алиу дека не сум во можност да остварам ниту работна, ниту неформална средба и во исто време го поканив министерот Алиу на работен состанок во Министерството за транспорт и врски каде ќе продолжиме со отворената комуникација за реализација на заедничките проекти“, информира Бочварски.
Уште не се симнати косовските знамиња, а во Тетово нов гостин од Косово