Вести Македонија Топ вести

Во Словенија е пуштен во употреба понтонскиот мост во чија изградба учествуваа македонските војници

Со лопати и со механизација, македонските војници директно се соочуваат и ги отстрануваат големите наноси по поплавите во Словенија. Стационирани се и помагаат во реонот на Општина Межица. Првиот ден кога пристигнале, припадниците на АРМ биле сместени и заедно со локалните жители почнале да работат на расчистување, сведочи во аудио изјава за Телма, потпоручник од батаљонот во Штип.

Ова е понтонскиот мост, кој македонските војници заедно со словенечките инжинерци и жители на Межице го направија и го пуштија во употреба пред два дена. За жителите е олеснување во секојдневниот живот прекинат со тешките поплави. Во гратчето денеска, војниците на АРМ беа посетени од словенечката министерка Дух, која е со македонско потекло.

По катастрофалните поплави во Словенија, Армијата во рамки на помошта во Словенија испрати 100 војници.

Во Словенија се наоѓаат 100 припадници на АРМ кои помагаат во санирањето на штетите што ги предизвикаа поплавите, како последица на поројните дождови во првата недела од месецов. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизам на НАТО.

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, согласно владината одлука, ќе останат во Словенија 30 дена.

Во најлошите поплави што ја зафатија Словенија од нејзината независност во 1991 година, загинаа шест лица, а беше предизвикана штета која се проценува на неколку милијарди евра. 

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Дејан Дејан

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе