Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1000 на Шангајската листа. На образовниот трон останува Хардвард, втор е Стенфорд, а на третото место е Институтот за технологија Масачусетс. Осум од најдобрите 10 се резервирани за САД. Од регионот пак најдобро се оценети универзитетите во Белград и во Атина, а стотина места подолу е Хрватска. Годинава лошо котира словенечкиот универзитет – паднал под 600-тото место. Ескспертите за образвание со став, Макеоднија потфрли – остана црна дупка во високото образование со најниски професорски плати во целиот регион, но институциите не треба да се занимават со рангирањата, туку кончено да повлечат тешки одлуки.
Mислам дека ќе треба некои универзитети, некои програми да ги затвориме, единствени сме во регионот што не носиме тешки одлуки, а демократијата е за тешки одлуки, вели професор Артан Лимани
„Високото обарзование е клуч, ако сакаме реформи во еконимијата, здравството, напрвин мора да го реформираме високото образование. Сега веќе дури е и доцна и за реформи, одново треба да поставиме нови трендови, некои универзитети и програми ќе треба да ги затвориме, тешки одлуки не чекаат“.
Професорот Лимани со кртика и за ректорите. Вели погрешно се толкува нивната улога. А, какви кадери продуцира високото образование? Најдобрите завршуваат на странскиот пазар, останатите во преобемната македонска администрација.
Таму се вработуваат партиски, таму им е многу лесно, така што ние се вртиме во круг…треба да се почне од ректорите… Не е ректор, директор на забавиште или директор на едно училиште, ние мислам дека така го сфаќаме, професор Артан Лимани.
Излез од кризата, експетите гледаат во итни промени во Законот за високо образование, но не по политички терк, туку на инклузивен начин, со граѓански удел. Според Лимани, во државата погрешно се сфаќа и автономијата на универзитетите. Тврди дека ја нема, а нема ни доволно граѓанско учество во одлуките, иако се одржуваат со граѓански пари. Во светот граѓаните учествуваат дури и во избор на ректорите.
Весна Ј.Дојчиновска