Вести Македонија Топ вести

На Шангајската листа нема универзитет од Македонија, загрепскиот и белградскиот универзитет се во средина на листата

На новата Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот (ShanghaiRanking Consultancy) нема ниеден универзитет од Македонија, но во првите илјада нема ниту универзитети од Бугарија и Албанија. Ова е трета година по ред како меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една македонска високообразовна установа.

Од универзитетите во регионот, универзитетот во Белград ја подобрил својата позиција. Како што е објавено, Универзитетот во Белград е рангиран меѓу 301-во и 400-то место на листата. Универзитетот во Нови Сад ја задржал минатогодишната позиција, меѓу 901 и 1000 место.

Од останатите, Универзитетот во Загреб ја задржал својата позиција меѓу 401. и 500. место, додека Љубљанскиот универзитет остварил полошо рангирање и на листата се наоѓа меѓу 601. и 700. место.

Шангајската листа е неформална, но се смета за една од најпочитуваните.

Универзитетот Харвард од САД е на врвот на листата веќе 21 година. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на трето Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) – сите од САД. Американските универзитети, всушност, држат 14 од најдобрите 20 места на Шангајската листа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предметот за Пулс е поштенска пратка која уште патува кон финалната дестинација

Дејан Дејан

МНР: Конзулатот е во комуникација со семејството на трагично починатото девојче

Дејан Дејан

Во Белград отстранети блокадите, нови апсења и најави за протести

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе