Вести Македонија Најважни

Прекршочни за Ганиу, за Касами и за нивните општини

Прекршочни пријави за градоначалниците на Чаир и на Тетово и за нивните општини како правни субјекти, е епилогот од петочниот скандал, кога не беше почитуван протоколот и беа игнорирани државните симболи при посетата на косовскиот премиер, Албин Курти.

Денеска биле повикани во полициски станици каде што биле информирани за казните.

Полицијата уште трага по лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија„, но најавуваат дека, кога ќе биде пронајден, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Градоначалниците одбиваат да преземат одговорност и излегоа со обвинувања.

Тетовскиот градоначалник, пак, на Фејсбук напиша дека комунизмот не е мртов.

Алтернатива, пак, обвинија дека ова е стамен и тенденциозен чин, нарачан од страна на српскиот претседател, Александар Вучиќ. Курти вчера се огради од случувањата, велејќи дека Македонија ја смета за сојузник, а средбите во Чаир и Тетово не биле насочени кон никого.

И претседателката на Косово, Вјоса Османи, се обиде да го ублажи скандалот, велејќи дека, посетата на Курти на Македонија била погрешно разбрана, додавајќи дека истакнувањето на знамето на „Голема Албанија“ во Тетово не било организирано, туку граѓани го донеле самоиницијативно, пренесува приштинска „Коха“.

Далиборка Демјанска Цветанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе