Вести Македонија Најважни

Не преземаме одговорност за публиката – Сејдиу од Беса за знамето на т.н. Голема Албанија во Тетово

Не преземаме одговорност за публиката, порача потпретседателот на Движењето Беса, Блерим Сејдиу на денешната прес-конференција, како одговор на прашањето дали за партијата е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. Голема Албанија при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

„Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има и слики и видео и можат сите да ги видат тие слики. За тоа што се случува во публиката, не преземеме одговорност. Сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Пречекан беше според сите законски постапки“, рече Сејдиу.

Тој прецизираше дека Општина Тетово го поканила како премиер и поради присуство на таков висок државен функционер биле поставени знамиња пред зградата. За тоа зошто не се сретнал со претставниците на највисокото државно раководство Сејдиу рече дека Курти одлучил така.

„Посетата на Албин Курти беше како премиер и беше пречекан според законските постапки. Премиерот кажа дека како премиер ги поздравува граѓаните во Тетово. Беше во Тетово официјално пречекан според законските постапки. За тоа одлучува премиерот, со кого ќе се сретнат, не сме одговорни со кого и кога еден премиер ќе се сретне со некој друг во Македонија“, рече Сејдиу.

За тоа зошто не се интонирала државната химна на Северна Македонија Сејдиу рече дека пречекот бил пред општината Тетово, а за понатаму не може да зборува.

По појавата на знамето на Голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите, но денес три дена по настанот нема нова информација.

„СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“, соопшти СВР Тетово.

Според него, пак, „македонските државни раководители со реакциите за посетата на косовскиот премиер откриле национализам кој се криел со демократски јазик“.

„Која е вистинската причина што им пречи (на Ковачевски, Мицковски, Пендаровски и ДУИ) посетата на премиерот на Република Косово во Северна Македонија? – Единствената причина за хистеричната реакција на институциите на нашата држава, со доза на етнонационализам, особено кон посетата на еден премиер на соседна држава, е неприфатлива и против соработка за добрососедство. Повторуваме дека единствениот пат за Република Северна Македонија и Република Косово е членство во Европската Унија и фокусирање на меѓудржавна соработка. Всушност, стравот се чини дека е на друго место. Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албинизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград“, истакна Блерим Сејдиу.

Според Сејдиу, „идејата на Албин Курти за засилена меѓусоседска соработка меѓу Бугарија-Македонија, Албанија и Косово има единствена цел за неутрализацијата на многу големото српско (руско) влијание, кое во последните 20 години растело на Балканот, особено во Република Северна Македонија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе