Вести Свет Топ вести

Најмалку 99 загинати и стотици исчезнати – расте црниот биланс по пожарите на Хаваи

Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваи, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“.

Стотици луѓе сè уште се водат како исчезнати, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите во историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.

Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари. На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.

Грин изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ дека официјалните лица очекуваат да најдат помеѓу 10 и 20 луѓе дневно во текот на следната недела и пол.

„Како што услугата за мобилни телефони полека се обновува, бројот на исчезнати се намали на околу 1.300 од повеќе од 2.000“, рече Грин.

Тоа се најсмртоносните шумски пожари од 1918 година кога 453 луѓе загинаа во шумски пожар во Минесота и Висконсин, според Националното здружение за заштита од пожари (NFPA). Причината за пожарот се уште е под истрага. Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, во неделата се појави во видео во кое ги промовира напорите за собирање средства за обнова по пожарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе