Најмалку 25 луѓе, меѓу кои три деца, загинаа, а преку 100 се повредени од кои 10 во критична состојба во големиот пожар и експлозија на бензинска пумпа во рускиот регион Дагестан, објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на здравствените власти.
Пожарот избил во работилница за поправка на автомобили на автопат во главниот град Махачкала, меѓутоа се проширил на бензинската пумпа во близина.
Веднаш е испратен авион во Махачкала за евакуација на тешко повредените во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Повеќе од три часа траеше борбата на пожарникарите со огнот, јави државната новинска агенција ТАСС.