Вести Македонија Најважни

Каде заглавија глукомерите, ленти за мерење шеќер и сензорите за децата? – дијабетичарите лути додека Меџити и Сали си префрлуваат вина

Додека актуелниот и поранешниот министер за здравство, Фатмир Меџити и Беким Сали меѓу себе си ја префрлаа вината за недостигот на терапија за дијабетичарите, од нивното Здружение велат дека револтот меѓу членството кулминира. Иако договорите со економските оператори се потпишани, иглите и инсулините веќе се дитрибуираат, но не и антидијабетската терапија, велат од Здружението на дијабетичари.

„Нас нè интересира зошто министерство за здравство не функционира. Нас ни треба терапијата. Иако е потпишана три месеци, не се носи во инсулинска аптека. Три месеци чекаме, три месеци висиме. Иглите ги потпишаа и почнаа да се носат веднаш“, вели Диме Велев од Сојуз на здружението на дијабетичари.

Остануваат на ставот дека ќе поднесат тужба за министерството за здравство, затоа што поради доцнење на терапијата многумина развиле компликации и други дијагнози.

„Некој мора да одговара, затоа што ги нема лековите и за тоа што ни го загрозуваат животот и здравјето. Треба да се истражи што е работата, зошто не се спроведуваат одлуките“, рече Велев.

Од Министерството за здравство минатата недела им порача на дијабетичарите дека тужбите не се решение на проблемите, а ако се одлучат да тужат, истите да ги насочат кон претходното раководство. Поранешниот министер Беким Сали денеска пак рече дека сите проекти кои министерот Меџити не може или не знае како да ги реализира, го обвинува претходното раководство. Тврди дека сите постапки биле навреме спроведени, но веќе немале мандат да ја завршат процедурата.

„Не знам зошто доцни терапијата, но одговорно тврдам дека сите процедури кои беа вклучени во јавната набавка беа навреме објавени“, рече поранешниот министер Беким Сали.

Од Министерството за здравство пред неколку дена соопштија дека се прават напори да се надминат проблемите со кои се соочуваат лицата со дијабет и се коригираат пропустите од претходното раководство на Министерството за здравство, кое, како што беше наведено во соопштението, задоцнило со сите процедури и не ги следело препораките на Комисијата навремено да започне со постапките. Најавија дека неделава повторно ќе го повикаат Здружението на дијабетичари на средба.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе