Вести Македонија

Дали Министерството за образование и наука е подготвено за следна учебна година?

Новата учебна година го наследи стариот проблемот со учебниците. Две недели пред почетокот, нема учебници за сите предмети во сите одделенија од основното и средното образование. Се зголемува тензијата кај родителите и наставниот кадар.

Од независниот синдикат на образование и наука потсетуваат дека скриптите не се замена за вистинските учебници. Бараат решение од Министерството за образование.

„Времени решенија не се потребни, затоа што образованието е еден од главните столбови во секоја држава. Нашата држава постои над 30 години, се знае дека учебници мора да има, велиТомислав Гиевски, претседател на независниот синдикат за образование и наука .

Министерството должи одговори дали до први септември сите ученици ќе добијат учебници. По некои предмети не е завршена ниту постапката за избор на автор.

Минатата година многу учебници пристигнаа на крајот на првото полугодие, а некои дури на крајот од учебната година. Во некои од нив беа забележани и грешки. Во јавноста особено голем број реакции имаше за учебникот по Историја и општество во кој пишуваше дека Македонија на запад граничи со Бугарија, а на исток со Албанија. Од друга страна, Планинскиот врв Монт Еверест стана повисок за 20 илјади метри.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе