Вести Македонија

Тренчевска: Унапредување на животот на пензионерите е приоритет на оваа влада

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ги ислушала барањата на пензионерите, а по дискусијата истакна дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на највозрасната категорија на граѓани, е приоритет на оваа Влада.

За тоа потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада, прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите, се вели во официјлното соопштение.

„Минатата година низ транспарентен процес, заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери, ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите,“ потенцира Тренчевска.

Сите барања кои беа доставени до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат натамошните политики и мерки за пензионерите, со посебен акцент на оние со пониски пензии, а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани, се вели во дописот до медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе