Вести Македонија Топ вести

Свирежи, барања за оставка и поголеми пензии – пензионерите и денеска протестираа за 3.500 денари покачување и минимална пензија од 18.000 денари

Свирежи за оставка, пароли со „време е да се освестите, пензионерите ви гладуваат“, „докажете дека го слушате гласот на народот“. Највозрасните излегоа на протест. Обединетите пензионери од цела Македонија со единствено барање од матичната организација, да им се покачат пензиите за 3.500 денари.

По говорите, пензионерите се упатија кон вратата на ресорното министерство за да ги прими министерката Јована Тренчевска. Прво беа одбиени, а по намерите да се упатат пред владата, Тренчевска ги врати на средба.

Ова следува откако изминатиот период во сите градови низ државата се организираа протести. Минатата година претставниците на пензионерите си дадоа рака со владата пензиите да растат процентуално во зависност од растот на минималната плата и трошоците за живот по швајцарскиот пензиски модел. Остана нерешена минималната пензија за која сега пензионерите излегоа на улица. Дури една третина од вкупно 330.000 пензионери се под прагот од 13.000 денари примања, за кои велат е невозможно да се мине месецот во услови на економско-енергетска криза и скок на цените на храната.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе