Распарчен автомобил заглавен во банкина. Ноќеска по полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа. Дваесет и едногодишно момче загина, а уште тројца негови врсници се тешко повредени.
Полицијата ќе истражи кои се причините за последната несреќа во која сите четворица настрадани се млади возачи. Анализите на МВР покажуваат дека најголем дел од тешките сообраќајни несреќи со настрадани настануваат поради брзо возење, непочитување на сообраќајните правила, но и поради состојбата на патиштата. Но, наместо да се намалуваат, бројот на трагедиите се зголемува, а се зголемува и бројот на казни за голема брзина.
Само во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 435 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената. Девет од нив се возеле дури и со над 70 километри на час.
Во бизарна сообраќајна несреќа настрада и пензионер кај Катланово, кој тргнал на протестите во Скопје. При пауза на паркинг, тој тргнал кон коловозот по грешка, како што кажуваат неговите сопатници и на автопатот бил удрен од возило по што починал. И полицијата и експертите апелираат за поголема внимателност во сообраќајот, затоа што тоа е единствениот сигурен начин за избегнување на несреќи и жртви.
Тамара Марковска