Апелациониот суд Скопје ја заврши анализата за постапувањето во предмети за тешки сообраќајни несреќи со смртни последици. Кога постапувал по жалба во предметите, второстепениот повисок суд во 51 отсто од случаите ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 49 отсто се преиначени.
Во изминатите пет години, сметано од август 2018 година до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8 отсто, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2 отсто затворска казна која, пак, е во опсег од најмалку пет месеци, а најмногу седум години и два месеца.
Најголемиот број на изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежителни околности што, пак, изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид на кривични дела, при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300, став 2 од Кривичниот законик – „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.