Вести Свет Топ вести

Руската ПВО собори дрон над Москва, привремено затворени аеродромите Внуково и Калуга

Руската противвоздушна одбрана собори дрон над Москва, изјави градоначалникот на Сергеј Собјанин. Тоа е причина за привремено затворање на меѓународниот аеродром Внуково. Исто така е затворен и аеродромот Калуга, на околу 200 километри југозападно од Москва

„Еден дрон се обиде да го прелета градот. Елиминиран е како резултат на работата на противвоздушната одбрана“, напиша Собјанин на Телеграм.

Тој додаде дека нема повредени или „сериозни оштетувања“ од остатоците кои паднаа врз насипот Карамишевскаја во западна Москва.

Собјанин не кажа дали дронот доаѓал од Украина. Но, руското Министерство за одбрана подоцна го обвини Киев за „обид за терористички напад врз објект во Москва“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе