Вести Македонија

УХМР со препораки за утрешното невреме кое се очекува да зафати делови од државата

Според најавата од синоптичарите, утре сабота 05.08.2023 г. – Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 l/m2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко време траење на одредени помали сливни површини, во вечерните часови во сабота на 5ти август, па и во раните часови следниот ден недела, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето така и на патната инфраструктура која е во нивна близина, а на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите можат да предизвикаат комунални проблеми и плавење на одредени подземни простории.

Генерално не се очекуваат интензивни врнежи како на северозапад на Балканскиот Полуостров, но сепак достапните модели најавуваат врнежи на целата територија на Македонија. Поголема внимателност генерално е потребна на крајниот запад кај сливот на р.Радика, околу планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Осоговието и делови од Малешевските Планини и Огражден, во градските и приградските средини во реоните на Тетово, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Штип, Св.Николе, Кратово, Пропбиштип, Кочани.

Препорачуваме внимателно движење особено покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе