Вести Свет Топ вести

Евакуација на Хиос, пожарот го гаснат пет авиони

Доцна синоќа околу 1 часот по локално време изби голем пожар на островот Хиос во близина на територијата со Турција кој зафати шумска област во близина на селото Катавасис, северозападно од градот Хиос.

До жителите на селата Диеика и Катавасис била испратена порака да се евакуираат во Волисос, јавија грчките медиуми.

Од рано утринава во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, а на терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари пристигнаа со брод од островот Лезбос и 27 пожарникари кои долетаа од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дизелот поскапува за 2,5 денара од полноќ, бензините со непроменети цени

Дејан Дејан

За 30 отсто помалку запишани првачиња во Битола во споредба со лани

Дејан Дејан

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе