Вести Македонија Најважни

Кобно каснување од крлеж – почина 27-годишна жена од штипско

Дваесет и седумгодишна жена од Штип почина, откако била касната од крлеж. Крлежот го извадила дома, а дури по неколку дена, откако и се јавиле симптоми, се јавила на инфективното оддделение во Штипската болница.

Оттаму велат дека жената била донесена во неделата, а поради влошената состојба и за да се направат дополнителни анализи во вторникот претпладне била испратена на инфективната клиника во Скопје.

По два дена, во четвртокот, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во лабораторијата за вирусологија било докажано дека станува збор за конго-кримска хеморагична треска. Истиот ден, пациентката починала.

„Се работи за 27-годишна жена од село Кучица, Штип која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ, во соработка со епидемиолог од ЦЈЗ Штип веднаш направи увид во селото, клиничката болница Штип и Итната медицинска помош Штип. Направена е епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж, кој бил изваден во домашни услови. По појавата на симптоми, неколку дена по каснувањето, најпрво била хоспитализирана во Штип, а потоа во Скопје“, велат од институтот за јавно здравје.

Бидејќи болеста се пренесува преку крв, од ИЈЗ велат дека ги пребарале сите контакти во семејството. Направени се четири материјали за тестирање и сите биле негативни. Контактите кои се од среден и висок ризик наредните 14 дена ќе бидат под здравствен надзор, велат од Институтот за јавно здравје.

Конго-кримската хеморагична треска е болест која се пренесува преку крлежи, а предизвикана е од вирус. Кај луѓето се пренесува или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв.

Почетокот на болеста е со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Закрепнувањето е бавно, а  како што напредува болеста така се зголемуваат и симптомите.

Најчестата препорака за заштита од крлежи е на отворено да се носи облека која ги покрива рацете, нозете, вратот и главата.

Прва опишана епидемија од хеморагична треска во Македонија е во 1971 година при што заболеле 13 лица со два смртни исхода. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Трговските договори со Кина „и со сите“ може да се склучат во рок од еден месец

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој со автомобил влечеше коњ низ Скопје

Дејан Дејан

Колони на „Богородица“ – голем број граѓани за празниците надвор од државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе