Вести Свет

Расте револтот во Израел против реформите во правосудството

„Црн ден за израелската демократија“, со вакви написи исцртани со црно мастило осамнаа насловните страни на четирите водечки весници во Израел, ден по изгласувањето на Предлог-законот за ограничување на овластувањата на Врховниот суд од страна на Кнесетот.

По вчерашните протести низ земјата денеска на реформата се противат и илјадници офицери во воените резерви.

Поради измените одбиваат да се појавуваат на доброволна служба – удар што може да ја поткопа воената оперативната способност на земјата.

Аналитичарите стравуваат дека „ремонтот“ на судството може да ги разниша и врските со администрацијата на Бајден, откако од САД гласањето го оценија како „несреќно“.

Велат и дека ваквиот тек на настаните може да ги загрози новите сојузи со арапските држави и да го продлабочи конфликтот на Израел со Палестинците оценувајќи дека сега екстремни страни на политичката мапа стануваат уште поекстремни.

Групите за граѓански права поднесоа петиции до Врховниот суд со повик да се поништи новиот закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цубалевски: Ако се затвори Ормуцкиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

Дејан Дејан

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе