Вести Македонија Најважни

Екологистите го обвинија Бектеши дека свесно го крши законот во корист на „Еуромакс“

Манипулација, произволно толкување на законите и кривично дело. Ова се оценките на невалдините организации и активисти за постапките на министерството за економија и официјалните информации и изјави на министерот Крешник Бектеши околу спојувањето на концесиите за „Иловица“ но и повторното давање на рок од четири години за завршување на процедурадата и доставување на барање за ископ за минерални суровини.

Според невладината организација „Здрава Котлина“, роковите за добивање на дозволи за двете концесии се одамна истечени  а економија и министерот Бектеши ја манипулираат јавноста и го толкуваат Законот за минерални суровини како што им одговара.

Тие апелираат до Владата да ја искористи можноста која ја има на располагање и да ја укине одлуката за спојување на двете концесии а во споритивно ќе се соочи со протести, туижби и незадоволство кај локалното население.

Останува нејасно што ќе содржи анексот на договорот за концесија со „Еуромакс“ кој економија најави дека Владата ќе го потпише по спојувањето на концесиите и како ќе влијае врз натамошниот тек на настаните.

Спојување на концесиите и одобрување на елаборатот за влијание врз животна средина во рок од две години од потпишувањето на договорот биле условите кои на „Еуромакс“ ги посави „НД Груп“ чиј сопственик е Назиф Дестани сопственик и на тетовската „Еколог“. „НД Груп“ чиј основач е Назиф Дестани, сопственик и на тетовската „Еколог“, во своето портфолио нема никакво искуство во областа на рудатство и ископ на минерални суровини.

Интересно е и што во барањето за спојување на на коцесиите стои дека „Еуромакс“ сака да го заложи државното земјиште од втората концесија кај истиот доверител „Ројал Голд“, каде што е заложена првата коцесија, за да може да обезбеди пари за ископ и екстракција на злато.

Во вторник на седницата на Владата минисетрот за економија треба да реферира и да ја достави комплетната документација за „Иловица“ пред премиерот Ковачевски и членовите на Кабинетот околу предлогот за спојување на концесиите кој веќе Владата го одобри на 27 јуни.
Министерот Бектеши соопшти дека сите документи веќе се доставени и тоа на 26 јуни и дека единбствено дополнително ќе презентира хронолошки приказ на сите дозволи и барања кои се поднесени, одборени и одбиени во од 2006 година па досега.

Тој останува на ставот дека спојување на концесиите мора да има додека премиерот Ковачевски и министерите од СДСМ се на ставот дека рудник нема да има.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молк за жртвите, пароли за правда и порака – „Системот е следен“

Дејан Дејан

Не сум сигурен дека ќе нема реконструкција во владата до локалните избори, смета Арсовски

Дејан Дејан

Рано е за предвремени избори, смета политикологот Божиновски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе