Третиот дуел во историјата меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, а прв на терените на Вимблдон предизвикува огромно внимание меѓу љубителите на тенисот.
Влезниците за соочувањето на централниот терен се скоро распродадени, а оние кои се уште може да се купат се продаваат по цена од 10 до 13 илјади евра.
Вчера попладне и претпладнево можеше да се најде и билет за сума од 9.000 евра, но сега останаа само оние најскапите.
Инаку најскапата влезница за вчерашното финале во женска конкуренција се продаваше за 2.500 евра.
Победникот во денешното соочување не само што ќе решава за освојување на трофејот на третиот Гренд слем во сезоната туку и за тоа кој од следната недела ќе биде на чело на АТП листата.
Алкараз атакува на првиот триумф во Вимблдон и останување на лидерската позиција додека Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до осмиот трофеј во Лондон или петти последователен, а за него ова ќе биде и 24. Гренд слем во кариерата со што ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.
Финалето на машкиот дел од турнирот во Вимблдон почнува во 15 часот.
ФОТО: Игор Паневски