Спорт Тенис

Вондрушова е првата неносителка што го освоила Вимблдон

Маркета Вондрушова приреди изненадување на Вимблдон и ја освои титулата во женска конкуренција по победата во два сета над фаворитката Онс Жабер. За тенисерката од Чешка ова е прва грен слем титула во кариерата, а Тунижанката втора година по ред губи во финалето на овој турнир.

Вондрушова пред само една година на Вимблдон беше туристка и ги гледаше мечевите од трибините поради повреда, но денеска го крена пехарот по триумфот од 6-4 и 6-4 против Жабер. Тунижанката подобро го почна мечот и поведе со 2-4 во првиот сет, но Вондрушова врза четири гема по ред за да го добие сетот. Во вториот сет ја заокружи победата со истиот резултат.

Чешката тенисерка, која се наоѓа на 42-то место на ВТА-листата стана првата неносителка што го освоила Вимблдон во Опен ерата и втора по Били Џин Кинг во 1963 година. Жабер го доживеа третиот пораз во третото грен слем финале, откако лани загуби од Елена Рибакина на Вимблдон и од Ига Швјонтек на Ју Ес Опен.

Утре на програмата е машкото финале на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, што се игра од 15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе