Вести Свет Топ вести

Зеленски го искара Радев: Не дај боже да те снајде мојата трагедија, што ќе му кажеш на Путин?!

Полошо од очекуваното поминал состанокот меѓу украинскиот претседател Зеленски и неговиот бугарски колега Радев. Двете делегации седнаа една наспроти друга во кабинетот на Радев, но малку од кажаното беше на иста бранова должина. Воздржани беа Украинците, и фаќаа белешки додека зборуваше Радев кој се трудеше да им објасни дека нема потреба од дополнително вооружување на украиснките сили, затоа што со оружје нема да се реши конфликтот. Зборот „конфликт “ беше доволен за Зеленски да му возрати со презир дека „тој и украинскиот народ најмалку се сведоци на конфликт, туку на војна, која има за цел да ги уништи“.

  • Не дај Боже да ви се случи трагедија и да сте на моето место. И ако луѓето со оружје не ви помагаат кои имаат заеднички вредности, што би направиле? Ќе кажете: Путин, граби ја бугарската територија? Не, сигурен сум дека вие како вистински претседател нема да дозволите компромиси со вашата држава, со суверенитетот и независност. Ваше право е да не ја поддржувате помошта за Украина. Но, навистина би сакал правилно да ме разберете, му рече Зеленски. 

Радев, видно изненаден од огорченоста на Зеленски, се обиде да ја смири тензијата, укажувајќи му дека конфликтот секако за него е војна, како и тоа дека Бугарија била една од првите држави во ЕУ која поддржала брз влез на Украина во унијата. Но, побара во секојдневната реторика малку почесто да го слуша зборот дипломатија и мир.

  • Јас верувам дека се уште не сме ги искористиле сите средства за дипломатија, за да се работи во таа насока, а не за продлабочување на конфликтот, зашто – да, војната се води на територија на Украина. Украина трпи, но како што кажав војната добива и нови разери, и тие одамна ја напуштија границата на Украина. Само да кажам дека од радиоактивната контаминација од Чернобил се уште ги чувствуваме последиците, рече Радев. 

Атмосферата брзо стана тензична, Радев понуди предлог, но побара од камерите да ја напуштат просторијата во претседателската палата каде се снимаше средбата.

Радев е внимателен кога станува збор за испраќање воена помош на Украина. Исплашен е од заканаите на Русија, бидејќи како што изјавува за разлика од другите европски земји кои испраќаат воена помош, Бугарија е географски поблиску и има „историска дијаспора“ во Украина. Но, Бугарија исто така е  многу позависна од рускиот гас во однос на другите.

Во меѓувреме, Америка соопшти дека на Украина ќе и ги испрати долго бараните касетни бомби. Ова дополнително ги загрижува нејзините сојузници кои се потписници на конвенцијата за забрана за употребата на овие конроверзни бомби, кои ако не се внимава можат да се користат против цивили. Но, Америка, Русија и Украина не се потписници на оваа конвенција.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе