Погребите на загинатите Палестинци се во тек по дводневните судири меѓу палестинските борци и израелските војници во бегалскиот камп Џенин. Во акцијта која Израел ја нарече „контратерористичка операција“ загинаа 12 Палестинци и еден израелски војник. Во истовреме израелски беспилотни летала извршија воздушни напади врз Газа.
Денеска рано изутрина жителите на Појасот Газа изјавија дека израелските авиони извршиле серија воздушни напади врз локациите на милитантите на крајбрежната палестинска територија. Израелската војска доцна синоќа почна да ги повлекува војниците од упориштето на милитантите на окупираниот Западен Брег, соопштија безбедносните власти, прекинувајќи ја интензивната дводневна операција во која загинаа најмалку 12 Палестинци, протераа илјадници од нивните домови зад себе оставија голема штета.
Но, спорадичните борби меѓу израелските трупи и палестинските милитанти продолжија во делови од бегалскиот камп Џенин, што го одложи повлекувањето. Армијата соопшти дека еден израелски војник загинал во борбите, но не даде повеќе детали.
Палестинците денеска го погребаа 17-годишниот Мајди Јунис Арави, кој беше убиен во дводневната израелска воена операција на окупираниот Западен Брег.
Претходно во вторникот, седум лица беа повредени во напад со автомобил и прободени со нож во Тел Авив.
Во исто време околу 300 демонстранти излегоа на улиците во бегалскиот камп во Јордан за ја изразат својата поддршка за Палестинците во Џенин, каде во тек е воена офанзива. Демонстрантите во бегалскиот камп Бакаа во близина на главниот град на Јордан, Аман носеа палестински знамиња додека извикуваа про-Хамас и антиизраелски слогани. Протестот дојде кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека операцијата во бегалскиот камп Џенин завршува.
- Она што се случува во логорот Џенин, Палестина, не е само ционистичко злосторство, туку е ционистичко и арапско злосторство, бидејќи не смееме да ги оставиме сами нашите семејства, нашите херои, нашите мажи и нашите жени во логорот Џенин. Дојде време да се отворат границите, сите околни арапски земји да земат оружје и да го поддржат нашиот народ во Џенин и да го поддржат нашиот народ во Газа да се бори со нив- Салман ал-Масаид, демонстрант.
Палестинските здравствени власти соопштија дека се убиени 12 лица, а десетици се ранети. Бегалскиот камп Бакаа е дом на околу 100.000 палестински бегалци и е најголем во земјата.
- Агресијата врз нашиот народ во градот Џенин и неговиот камп и намерното таргетирање на медицинскиот персонал и болниците, кулминираа вечерва со пукање врз граѓаните во владината болница Џенин и гранатирање на околината на болницата. Повредени се пет лица, од кои три се во критична состојба- Маи ал-Каила, министерка за здравство на Палестина.
Израел го нападна кампот рано во понеделникот во операција за која рече дека имала за цел уништување и конфискување оружје.
Армијата тврдеше дека им нанела голема штета на милитантните групи, но, остана нејасно дали ќе има траен ефект по речиси една и пол година тешки борби на Западниот Брег.
Билјана Ставрова